Те сакам
УЛТРА

Марина Вељковски

Од малечка музиката од секогаш ме привлекуваше на посебен начин. На самото раѓање добив на подарок глас кој песната ја направи дел од моето секојдневие. Меѓутоа тука не се заврши приказната. Таму каде што е музиката – танцот е неизбежен! Можеби не секогаш, но во мојот случај беше така.

Во школскиот двор слушнав дека ќе има запишување во некоја балетска група (тогаш уште немавме име – го создадовме подоцна) и веднаш знаев дека не треба, ТУКУ МОРА да сум дел од тој настан!

Денеска и не е чудно да има толку голем одзив на деца за таква аудиција, но во 1992 година не беше така.

Какo да беше вчера, а не пред 25 години. Иако бев сигурна дека ќе ја поминам аудицијата, сепак преголемата  возбуда создаваше прашалници во мојата глава. А ЗНАЕВ ДЕКА МОЖАМ!

И така беше. Толпа од деца во соблекувална се спремаа за настап, а меѓу нив едно малку поголемо дете Алаксандра Димитријевска Како и секогаш со шармантна насмевка на лицето и убаво помнам, во балетски костим со силно розова боја се смееше и не бодреше да се обидеме да станеме балерини.

И дел од нас и успеавме. Во животот е прекрасно да имаш такво искуство… незаборавни денови исполнети со креирање на кореографии, настапи и награди. Многу труд и сериозност пред време, но за да вроди со плод.

На Ултра и посакувам да трае и трае, да твори и остава печат во времето кој никогаш нема да исчезне. Честитки!

Вашият коментар

Вашият имейл адрес няма да бъде публикуван. Задължителните полета са отбелязани с *